• петок, 22 ноември 2024

Децата родени наесен се почувствителни на алергии

Децата родени наесен се почувствителни на алергии
Денвер, 22 септември 2020 (МИА) - Децата родени наесен се почувствителни на алергии на храна и на болестите кои тие ги предизвикуваат, се посочува во ново истражување објавено во американскиот Журнал за алергии и имунологија. Д-р Џесика Хуј од институтот Национално еврејско здравство, инаку водечка авторка на трудот, вели дека алергиите најчесто се прикажуваат во облик на сува кожа, но тоа може да премине и во друга форма. - Го испитуваме секое дете што се лекува во нашата болница и дојдовме до заклучок дека родените наесен е многу поверојатно да го искусат она што се нарекува атописки марш. Сега се обидуваме да откриеме зошто е тоа така и цврсто веруваме дека тоа доаѓа само од бактериите на кожата, смета д-р Хуи. Атопискиот марш ја означува промената на обликот на алергија, како што бебето расте. Во подоцнежните години, како реакции може да се јават чешање, црвенило на кожата, па дури и астма и грозница. Докторите посочуваат дека спречување на атопискиот марш е можно со третирање, т.е. навлажнување на црвенилото на кожата на бебето со лосиони и водење сметка за храната која кај малечкото предизвикува алергии. Кравјо млеко, јајца, пченица, глутен, соја, риба, школки, сусам и други семиња, како и кикирики и ореви е храната што најчесто предизвикува алергии. Стручните лица велат дека сѐ ова не мора и не е препорачливо целосно да се исклучат овие намирници од исхраната, но да не се консумираат секојдневно, туку, на пр., секои три дена. си/сд/

Остани поврзан