• сабота, 23 ноември 2024

Децата од тетовските градинки со завршна приредба на најголемите групи го одбележаа 1 јуни - Меѓународниот ден на децата

Децата од тетовските градинки со завршна приредба на најголемите групи го одбележаа 1 јуни - Меѓународниот ден на децата
Тетово, 1 јуни 2022 (МИА) -  Преку завршна приредба денеска симболично од градинката се разделија 274 деца од Тетово, од најголемите групи кои треба да почнат да одат во прво одделение на есен во септември. Воедно на овој начин во општински рамки се одбележа 1 јуни - Меѓународниот ден на децата. -Интересот за престој во градинка и понатаму е голем, околу 300 деца се пријавени во текот на мај за да се примат за чување од септември. Нивните родители ќе бидат известени во текот на август за исходот. Тетово има шест градинки и повеќе центри за ран детски развој во училиштата низ руралните населени места, изјави Фатлинда Јаја, директорка на општинската установа Младост која раководи со детските градинки. Едукацијата на децата е несомнено најнеопходната и најдолготрајна инвестиција за иднината на една држава, порача градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами на одбележувањето. -Ако сакаме да имаме здраво општество, да обезбедиме сигурна и образована иднина, мора да инвестираме во нашите деца бидејќи утре тие ќе ја градат иднината на генерациите што доаѓаат, изјави  Касами. Тој посочи дека нивната мисија и обврска кон децата е да обезбедат квалитетно образование, модерни градинки, обучен стручен кадар, воспитувачи, здравствена заштита, побезбедна и почиста животна средина, паркови и забавни катчиња.ас/ки/  

Остани поврзан