• петок, 22 ноември 2024

Дефинирање на црвените линии, бара Мицкоски во однос на билатералното прашање со Бугарија

Дефинирање на црвените линии, бара Мицкоски во однос на билатералното прашање со Бугарија
Скопје, 26 март 2021 (МИА) – Не смееме да дозволиме билатералното прашање со Бугарија да биде дел од условите за отпочнување на преговорите. Тоа го кажува и нашиот стратешки партнер САД. Надвор од процесот на преговарање треба да се решаваат билатералните прашања, изјави вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Дефинирање на црвените линии по ова прашање, рече Мицкоски, треба да биде исто така една од темите на средбата во понеделник со Зоран Заев. - Не може повеќе национални отстапки. Доста е, 30 години не газат. До кога ќе попуштаме, ни викаат сменете ова, сменете она ќе добиете датум, ќе почнете преговори ќе бидете во НАТО. Сега ни викаат уште ова да го решите, до кога ќе ни викаат. Мора да се исцртаат црвените линии. Ние сме Македонци, со своја култура, со свои обичаи и така натаму, изјави Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ. Тој посочи, дека ние сме единствениот народ на Балканот што сам создал држава и не сме имале патрони, како останатите балкански земји и дека народот сам, преку НОБ се изборил за своја држава. - Никој не смее да го прифати тоа. Тој што ќе го прифати тоа, тука завршува приказната. Ако нема критично тело за револуција на македонскиот народ, за тоа што тие ќе се осудат да го потпишат, тогаш тогаш тоа е тоа, престануваме да постоиме и престануваме да имаме држава, изјави Мицкоски. аа/нд/

Остани поврзан