• петок, 22 ноември 2024

Детскиот културен центар Карпош ги промовира едукативните песнички и боенка за деца

Детскиот културен центар Карпош ги промовира едукативните песнички и боенка за деца
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) – Преку песнички и боенка децата од најмала возраст до основно училиште ќе можат да се едуцираат за животните. Детскиот културен центар Карпош денеска во Скопската Зоолошка го промовираше мултимедијалниот пакет со едукативна и забавна содржина, кој има за цел да ги едуцира децата за животните во скопската ЗОО.   -Иницијативата на ова што трае веќе четири години е всушност доаѓањето на слониците Дуња и Даела во скопската Зооолошка градина и тој настан не поттикна да создадеме трајна вредност која ќе остане со генерации, да се пеаат песните за животите донесенио во нашата Зоолошка, изјави Биљана Лајчевска Серафимовска, директор на Детскиот културен центар Карпош. Лајчевска Серафимовска рече дека во склоп на боенката има нотна тетратка која наставниците по музичко ќе може да ја користат во својата програма. Автор на музиката и песничките отпеани од дечињата солисти е пејачот Александар Митевски. Тој изрази задоволство што е дел од ваков креативен, едукативен и забавен проект. -Од почетокот сум дел од овој проект и многу ми е мило што сум дел од него, бидејќи прекрасно е да се работи со деца, и има многу таленти, идејата е преку музика преку певливи песнички да ги претставиме животните низ песна, и да направиме една мала едукација. Секоја година кога нашиот ЗОО кипер ќе ни даде задачи за кои животни ќе правиме следната година песна тоа ми е посебен предизвик, па коа ќе се појават егзотични животни, смислуваме приказни за нив гледаме да има и хумористечен модерен момент, децата да се пронајдат во текстот, рече Митевски. Изрази надеж дека проктот ќе продолжи да трае и за сите песнички во иднина ќе бидат направени песнички. Војо Иванов, кој е ЗОО негувател во скопската Зоолошка исто така, го истакна значењето на ваквите проекти. -Супер креативна форма на тоа да ги едуцираме низ песна, ваквиот настан е добар затоа што е една вредност која ќе остане како запис за идните генерации, подвлече Иванов. На настанот дечињата ги изведоа петте песни за пет букви, изведувачите пееја песни за бизонот, за окапите, за гибонот, јагуарот и рисот. свс/дма/

Остани поврзан