• недела, 22 декември 2024

Десет загинати, меѓу кои и две деца, во руски напад врз станбена зграда во Суми

Десет загинати, меѓу кои и две деца, во руски напад врз станбена зграда во Суми

Суми, 18 ноември 2024 (МИА) – Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои две деца, а 52 се повредени вчеравечер кога руска ракета погоди станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи и војската.

Украинските служби за итни случаи преку каналот Телеграм известија дека се на местото на несреќата и им помагаат на настраданите. Повеќе од 400 луѓе беа евакуирани.

Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз украинската електрична мрежа.

Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, во кои животот го загубија седум лица, а беше предизвикана голема штета на електричната мрежа.сд/

фото:Х

Остани поврзан