• понеделник, 23 декември 2024

Десет години „НаТочак“: Незабележителни промени во безбедноста на велосипедистите

Десет години „НаТочак“: Незабележителни промени во безбедноста на велосипедистите

Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето 10 години постоење, кое ќе се одржи в сабота на плоштад „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност.

- Ако споредиме со деценија претходно, направено е многу, но, сепак, далеку сме од она што Скопје можеше да биде денес доколку имаше поголема посветеност од страна на институциите и посериозен пристап кон велосипедскиот сообраќај, е заклучокот на претставниците на оваа граѓанска иницијатива. Според нив,  „Скопје Велоград“ е сè уште визија, а не реалност, автомобилскиот сообраќај е сè уште приоритет при сообраќајното планирање, а изминатите десет години биле борба за докажување, поучување и прикажување примери од многу европски градови за тоа како изгледаат достојни услови за возење точак. -Таа борба ни оддалеку не е завршена и ќе трае бидејќи бројот на велосипедисти драстично се зголеми, а инфраструктурата и безбедноста заостануваат и не ги следат потребите на скопјани. Најгорчливите проблеми денес се во делот на безбедноста каде има незабележителни промени и таа тема сè уште третира на ниво на лична одговорност. Во 2022 година Скопје нема мултимодален транспорт и се дизајнираат улици и булевари без да се земат предвид велосипедистите. Од друга страна, имавме позитивни примери на стеснување на сообраќајни ленти за да се издвои велосипедска патека, велосипедситите  првпат влегоа во статистиката, а се уредија и постоечките патеки од 70-тите и 80-тите во функционална инфраструктура долж булеварите, наведуваат од иницијативата „НаТочак“, која пред десет години беше формирана од група велосипедисти  за покренување на свеста за велосипедот како превозно средство.

Одбележувањето на 10-годишнината на „НаТочак“ в сабота ќе почне со 90-тата Критична маса - од Плоштад Македонија во 11 часот и ќе заврши во МКЦ со музичка и забавна програма. хс/ 

 

Остани поврзан