• петок, 22 ноември 2024

Десетте најбогати жени за 2020 година

Десетте најбогати жени за 2020 година
Москва, 10 декември 2020 (МИА) - Крајот на годината е време за сумирање и, се разбира - за ранг-листи... Овојпат се работи за 10-те најбогати жени во оваа парадоксална 2020 година, според рускиот мултинационален медиум „Јандекс“... На 10-то место е Иванка Трамп - најстарата ќерка на Доналд Трамп. Таа е сопственичка е на неколку компании кои се доста успешни. Повеќепати учествувала во ТВ-програми, а пишува и книги. Како што вели, ги заработила своите пари без нејзиниот татко. Иванка сега има 35 години, свое семејство и 740 милиони американски долари на сметките. На место бр. 9 е Панси Хо - една од ќерките на Стенли Хо, кинески големец во бизнисот за коцкање. Таа има 16 браќа и сестри, но од сите нив само таа успеа да дојде до своите милијарди. Во истовреме, нејзината состојба во моментов е оценета многу повисока од нејзиниот татко. Панси Хо има 54 годинии 3,4 милијарди долари на своја сметка. Осма е Маргарита Луис-Драјфус (Богданова) - најбогатата Русинка. Таа наследила компанија и фудбалски клуб по смртта на нејзиниот сопруг, повторно се омажила и има две деца. Има 55 години и 4,66 милијарди долари. На седмо место е Кери Передо. Нејзиниот сопруг Хуберт Пердо беше сопственик на една од најголемите приватни нафтени компании. По неговата смрт, Кери доби дел од наследството. Компанијата во моментов ја води нивниот син, додека самата Кери главно се занимава со добротворни цели. Кери има 66 години и 5,3 милијарди долари.   Шеста е Шарлот Казираги - внука на Грејс Кели, и осма во редот за престолот во Монако. Шарлот има 31 година - и 5,7 милијарди долари. На место бр. 5 е Кристи Волтон, вдовица на наследникот на сиџирот Волмарт. Таа има 68 години и 6,1 милијарда долари. На место бр. 4 е Ирис Фонтбона, вдовица и наследничка на нејзиниот сопруг Андронико Лукшиќ Абароа. Таа има 74 години и 13,7 милијарди долари. На место бр. 3 е Лорен Пауел Џобс - вдовицата на славниот основач на Епл - Стив Џобс. Лорен сега се занимава со добротворни цели. Таа има 53 години и 20 милијарди долари на своја сметка. Втора е Сузан Клатен која, заедно со нејзиниот брат, поседуваат значителен дел од компанијата БМВ, што ја поседува нивниот татко. Таа е исто така основач на фармацевтска компанија. Слободното време сака да го минува со семејството. Сега таа има 55 години и 22,5 милијарди долари. На прво место е Алис Волтон... Повторно наследничка на основачот на Волмарт. Алис е ќерка на Сем Волтон, но и сопственичка на свој музеј, колекционерка, љубителка на уметноста... Алис има 67 години и 55 милијарди долари на своја сметка.  си/

Остани поврзан