• вторник, 02 јули 2024

Дерик Вајт ќе потпише 4-годишен договор со Бостон

Дерик Вајт ќе потпише 4-годишен договор со Бостон

Бостон, 2 јули 2024 (МИА) – Кошаркарот на Бостон селтикс, Дерик Вајт ќе го продолжи договорот со клубот, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор ќе биде за 4 години и 125,9 милиони долари. 

Дваесет и деветгодишниот Американец минатата сезона имаше просек од 15,2 поени, 4,2 скока и 5,2 асистенции на 73 натпревари. 

Вајт со Бостон годинава стана шампион во НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан