• среда, 15 мај 2024

Денес и утре петто издание на „Skopje on Ice“

Денес и утре петто издание на „Skopje on Ice“
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денес и утре ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“. Пријавени се 55 натпреварувачи, кои ќе бидат поделени во 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција. Покрај македонските, ќе учесѕтвуваат лизгачи од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Организатор на „Skopje on Ice“ е Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија. Почетокот на „Skopje on Ice“ е вечер во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од коронавирусот. зс/

Остани поврзан