• недела, 22 декември 2024

Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Скопје, 4 јули 2024

Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.
Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија  немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).

Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:

Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.

Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.

Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.

Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.

Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.

Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред.

Демократски сојуз

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Демократски сојуз

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан