• понеделник, 23 декември 2024

Деми Мур: Голата фотографија во „Венити фер“ го промени светот

Деми Мур: Голата фотографија во „Венити фер“ го промени светот
Лос Анџелес, 5 февруари 2021 (МИА) - Во гостување на Јутјуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во „Венити фер“ од 1991 година. Имено, Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот. - Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот... На жените, на нашата „дозвола“ да си „ја прегрнеме“ својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси и - да не се обидувам да бидам ништо друго освен - самата јас, се потсети глумицата. Родителството е голем дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната своја актерска кариера за да им се посвети на своите три ќерки и нивното воспитание. Инаку, таа ги има Скаут, Талула и Румер Вилис со поранешниот сопруг Брус Вилис. - Само одлучив дека тие треба да бидат во средиштето и да бидат на едно место. Просто, требаше да направам пауза!, рече таа во една прилика. Неодамна имаше слична можност да се поврзе повторно со своите деца, но и со новото семејство на Вилис - неговата сопруга Ема и нивните две ќерки Мејбел и Евелин, за време на пандемијата и карантинот. - Моите ќерки ги сакаат своите помали сестри и за мене, тоа е наше семејство - без разлика во каков облик е и важно е да се чуваме сите заедно. И за малите да се чувствуваат пријатно со мене и да ме познаваат, за да ги знаат и своите сестри подобро. Беше навистина слатко и си поминавме доста „откачено“, додаде таа. https://youtu.be/dm6PLvsPWls

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан