Дембеле ги надмина Зидан и Гризман по ефикасност во плејофот во Лигата на шампионите
- Фудбалерот ПСЖ, Усман Дембеле е меѓу четирите најдобри француски стрелци во плејофот од Лигата на шампионите, објави веб-страницата на УЕФА.
Париз, 30 април 2025 (МИА) – Фудбалерот ПСЖ, Усман Дембеле е меѓу четирите најдобри француски стрелци во плејофот од Лигата на шампионите, објави веб-страницата на УЕФА.
Дваесет и седумгодишниот напаѓач синоќа им донесе победа на парижаните на гости над Арсенал (1:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Голот беше деветти за Дембеле во кариерата во нокаут фазата на турнирот. Така тој ги надмина Зинедин Зидан и Антоан Гризман и се запиша меѓу четирите најдобри стрелци во плејофот од Франција.
Пред Дембеле сега се наоѓаат само Карим Бензема (34 гола), Килијан Мбапе (24) и Тиери Анри (12). зс/
Фото: ЕПА