• недела, 22 декември 2024

Делчевското село Тработивиште ја продолжи традицијата за дочек на Стара нова година

Делчевското село Тработивиште ја продолжи традицијата за дочек на Стара нова година
Делчево, 13 јануари 2021 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште и годинава продолжи традицијата за дочек на Стара нова година. Соња Белогаска, која е кума на годинашниот настан, истакна дека средбата се организира со поддршка на мештаните и спонзори. - Има доста луѓе. Со помош на спонзори имаме доста храна и пијалоци, за што им се заблагодаруваме, а на жителите им посакуваме се најубаво во Новата година, рече Белогаска. Во рамки на дочекот на Стара Нова година се крши василичарска погача со паричка, а оној кај кого ќе се падне паричката, ќе биде кум и организатор на настанот наредната година.   На средбата присуствуваа и гости од Измир, Турција, чии претци потекнуваат од селото Тработивиште. -Родителите на овие наши гости од Турција порано живееле овде, затоа се повикани да учествуваат на заедничката прослава. За нас, нивното присуство претставува големо задоволство изјави Димитар Темелков, жител на селото. Тработивиште е село каде живеат мештани од повеќе националности, кои немаат меѓусебни проблеми и сите се почитуваат.                     Честа да биде кум идната година му припадна на Венко Иванов, кој најави дека ќе се потруди да ја одржи традицијата за дочек на Стара нова година во селото. вс/свс/

Остани поврзан