• четврток, 04 јули 2024

Делчево ја доби првата атрактивна фонтана-симбол на модерно Делчево

Делчево ја доби првата атрактивна фонтана-симбол на модерно Делчево
Делчево, 7 септември 2022 (МИА) - Во Делчево ставена во функција првата атрактивна фонтана „Бесконечност“-симбол на модерно Делчево. Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, фонтаната беше симболично  откриена од министерот за внтарешни работи, Оливер Спасовски, градоначалникот Горан Трајковски, претседателот на Советот, Гоце Попов и пратеничката Соња Михаиловска. Атрактивната фонтана е подарок од делчевските иселеници Виктор Коларски, Антонио Витановски, „Фротирка компани“ и Општина Делчево, а проектант е делчевското проектантско биро ГП „Архитекти“.
Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека фонтаната е проектирана во формата бесконечност и е одраз на модерно и современо Делчево.
-На овој убав празничен ден, од срце даваме подарок за нашето Делчево. Заедно со нашите иселеници: Виктор Коларски, Антонио Витановски, фирмата Фротирка-компани од Делчево и со средства од Буџетот на Општина Делчево, oставаме на генерации и генерации делчевци, објект кој е белег на современо и модерно Делчево-фонтаната „Бесконечност“. Идејното решение е несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и инженерот Гоце Попов. Изразувам голема благодарност до донаторите, до проектантот и очекувам дека ова ќе биде уште едно пријатно, но атрактивно катче за нашите сограѓани, но и за посетителите, нагласи Трајковски.
По начинот на функционирање,  фонтаната функционира како затворен систем, односно се користи една иста количина вода која се филтрира преку своја филтер–централа. вс/сст/

Остани поврзан