• среда, 15 мај 2024

Делчево го совлада Борец во прволигашки „плеј-аут“ ракометен натпревар

Делчево го совлада Борец во прволигашки „плеј-аут“ ракометен натпревар
Делчево, 25 април 2021 (МИА) – Ракометарите на Делчево забележаа победа над тимот на РК „Борец“ во првенствен прволигашки плеј-аут натпревар кој денес се одигра во салата „Методи Митевски - Брицо“. До победата од 35:33 делчевци дојдоа во второто полувреме, откако велешани имаа водство на полувреме од 15:16. Тренерот на делчевци Гоце Стоиловски по победата изјави дека не е задоволен од прикажаната игра но како што додаде резултатот е одличен имајќи го предвид недостигот на ракометари во составот. - Нормално задоволен сум со крајниот резултат не со крајниот резултат, не со играта која ја прикажавме, но со оглед не бевме повторно комплетни. Честитки до ракометарите бидејќи против Борец се бореа добро и постигнаа победа. Ќе гледаме што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да се подготвиме за следните натпревари, рече Стоиловски. По денешната победата ракометарите на РК „Делчево“ со 15 бодови се наоѓаат на третото место и го поминаа тимот на Борец на плеј-аут табелата во Првата ракометна лига на Македонија, а веќе во следното коло му гостуваат на лидерот Преспа. Во рамки на денешниот натпревар кој се одигра пред празни трибини поради мерките за заштита од ковид-19, ракометарите ги направија задолжителните ковид тестови кои од ова коло станаа задолжителни за спортските екипи кои се натпреваруваат под капата на Ракометната федерација. вс/зс/

Остани поврзан