Деле Али тренира со Комо
- Поранешниот играч за врска на Тотенхем и на англиската репрезентација Деле Али ќе почне да тренира со италијанскиот Комо, пренесе „Тутомеркато“.

Комо, 16 декември 2024 (МИА) - Поранешниот играч за врска на Тотенхем и на англиската репрезентација Деле Али ќе почне да тренира со италијанскиот Комо, пренесе „Тутомеркато“.
Играчот од средниот ред ќе тренира со тимот предводен од поранешниот играч на Арсенал, Барселона и Шпанија, Сеск Фабрегас.
-Тој може да тренира со нас по Божиќ, но тоа е само за да му помогнеме да влезе во форма, изјави Фабрегас.
Англичанецот (28) е слободен играч од 1 јули откако му истече договорот со Евертон. Деле Али ја помина сезоната 2023/2024 како позајмен во Бешикташ. дс
Фото: Архива