Делегацијата на Комунистичката партија на Кина во посета на работните тела на Левица
- СООПШТЕНИЕ - Во вториот дел од посетата на Левица од страна на претставниците Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, беше остварена во работните простории на партијата, а акцентот беше ставен на нераководните партиски тела.
Скопје, 23 мај 2025
Во вториот дел од посетата на Левица од страна на претставниците Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, беше остварена во работните простории на партијата, а акцентот беше ставен на нераководните партиски тела.
Претставниците на идеолошки блиската КПК, покрај со внатрешната структура, организација и принципи за работа на партијата, кои беа претставени на билатералниот состанок со Президиумот, од претставниците на Црвена Младина, АФЖ и Левичарскиот институт „Рацин“ директно беа запознаени со работата на нераководните партиски тела, нивната улога во организацијата, како и секојдневните активности и заложби изминатите години на работа во партијата.
Овој дел од посетата беше во насока на споделување на знаења, искуства и практики во градењето на организацијата и кадровската политика кои се клучен елемент за водење на квалитетни политики. Состаноците беа заокружени со заеднички заклучоци, но и бројни идеи за соработка во перспектива на повеќе партиски нивоа. Импресиите од работните состаноци беа обострани, а двете страни согласни за унапредување на дијалогот и продлабочување на партиската соработка на Левица и КПК.
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Фото: ПП Левица
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.