• вторник, 17 декември 2024

Деко: Барселона навреме ќе го регистрира Олмо

Деко: Барселона навреме ќе го регистрира Олмо


Барселона, 13 декември 2024 (МИА) – Спортскиот директор на Барселона, Деко, најави денеска дека каталонскиот клуб навреме ќе ги заврши сите процедури околу регистрацијата на шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо.
„Барселона навреме ќе го регистрира Олмо“, изјави Деко за шпанските медиуми.
Олмо беше пријавен по неговото пристигнување во Барселона, но неговата регистрација е привремена, поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб.
Каталонците имаат рок до крајот на овој месец да го регистрираат Олмо, а единствениот начин да го направат тоа е со намалување на трошоците или зголемување на приходите.
„Има внатрешни проблеми во клубот, но сè ќе решиме навреме“, одговори Деко на прашањето дали Барселона ќе може да ги регистрира своите играчи.
Доколку Барселона не го стори тоа, Олмо може бесплатно да го напушти клубот, поради клаузула во неговиот договор, пренесува весникот Мундо Депортиво. ег
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан