• понеделник, 23 декември 2024

Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен

Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен
Скопје, 13 март 2021 (МИА) - Владата вчера на 53. седница ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 - претквалификација. Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените десет кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA - COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG  - VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN - YAPI MERKEZI – Турција. Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза. ац/

Остани поврзан