Деветта победа на Марк Маркез во Заксеринг
- Возачот на Дукати Марк Маркез ја продолжи својата доминација со нова победа на патеката во Заксеринг за Големата Награда на Германија
Заксеринг, 13.јули 2025 (МИА) - Возачот на Дукати Марк Маркез ја продолжи својата доминација со нова победа на патеката во Заксеринг за Големата Награда на Германија. Тој во саботата победи во спринтот, а денеска ја прослави и деветтата победа на оваа патека во Мото ГП.
На победничкиот подиум се најдоа неговиот брат Алекс Маркез и како третопласиран Франческо Бањаја.
Ова е вкупно 69.та победа за Марк Маркез во „кралската класа“, со што го мина Џакомо Агостини кој има 68, а единствено пред него со 89 победи е Валентино Роси.
Марк Маркез со денешната победа ја зголеми предноста пред Алекс Маркез и води со 344 пред неговиот брат, кој има 261.
Следната трка се вози на патека во Брно во Чешка. мн/
Фото: ЕПА