• недела, 22 декември 2024

Дебранки кршеа василичарска погача

Дебранки кршеа василичарска погача
Дебар, 13 јануари 2022 (МИА) - Продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред повеќе од три децении, православните дебранки вечерва, спроти православна нова година кршеа василичарска погача.
Погачата ја подготви Јованка Јосифовска кај која последно се падна паричката, а вечерва среќата и се насмевна на Ангелина Василевска.
-Пресреќна сум, првпат ми се паѓа паричката. Посакувам здравје, среќа, мир, благосостојба насекаде. Желба ми е оваа убава теадиција да продолжи уште долго, изјави Ангелина.
Според вековната традиција, денеска домаќинките подготвуваат пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.
Утре претпладне, пак, деца суројчари ќе ги посетат православните домови да посакаат повесела и побериќетна година. Тие во рака држат, како што се нарекува, суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец.
Домаќинките ќе ги даруваат со пари благо, костени, ореви и овошје. вт/свс/

Остани поврзан