Дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите“
- Граѓанскиот ресурсен центар организира дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите” на која ќе бидат споделени искуствата од регионот.

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Граѓанскиот ресурсен центар организира дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите” на која ќе бидат споделени искуствата од регионот.
Ќе биде презентирана и Анализа на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2022 година.
-Членките на Советот, граѓанските организации, претставниците на државните институции и други релевантни чинители ќе имаат можност да дебатираат за состојбата и да предлагаат решенија за надминување на предизвиците и зајакнување на дијалогот, соопшти организаторот на дебатата. хс/мд/
Фото: МИА архива