• среда, 26 јуни 2024

Дебарските аџии стигнаа во Мека каде годинава се 919 верници од земјава

Дебарските аџии стигнаа во Мека каде годинава се 919 верници од земјава
Дебар, 30 јуни 2022 (МИА) - Дебарското муфтиство информираше дека верниците од поширокото дебарско подрачје пристигнале во светото место Мека заедно со другите верници со кои патуваа заедно во Саудиска Арабија.
- Аџиите од дебарското муфтиство, кои синоќа отпатуваа од Скопје кон светите места, пристигнаа добро и сега се сместени во хотелот „Сноод ер Рејјан" во Мека. Од нашето муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, годинава на аџилак заминаа 12 верници, информираа од муфтиството.
Како што претходно изјави за МИА Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница,  годинава од Република Северна Македонија на аџилак ќе бидат 919 верници.
Тој соопшти дека тие патуваат во три групи - на 27, 29, кои веќе се пристигнати, и на 30 јуни,  со  пет чартер-летови Скопје-Џеда.
  -Највозрасниот меѓу нив а 65-годишен додека најмладите се на седум и осумгодишна возраст, деца кои патуваат со нивните родители, додаде Јакупи. Враќањето на верниците по извршување на аџилакот, кој е петтиот столб на исламот, ќе биде на 21, 22 и 25 јули од Медина до Скопје. вт/хс/

Остани поврзан