Движење ЗНАМ: Почит на бранителите од 2001 година на Карпалак
- Делегација на Движење ЗНАМ, составена од бранители, утрово се поклони пред спомен плочата поставена во чест на 10-те македонски бранители кои пред 24 години, на 08. август 2001 година загинаа во заседата кај Карпалак, се наведува во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Делегација на Движење ЗНАМ, составена од бранители, утрово се поклони пред спомен плочата поставена во чест на 10-те македонски бранители кои
пред 24 години, на 08. август 2001 година загинаа во заседата кај Карпалак, се наведува во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.
Им одаваме почит за нивната храброст да се вклучат во одбраната на татковината кога многумина ја немаа и вечно сеќавање за најголемата жртва која ја положија за Македонија - нивните животи.
Центар за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ