• петок, 05 декември 2025

Движење ЗНАМ: Вложувања во образовните установи приоритет

Движење ЗНАМ: Вложувања во образовните установи приоритет

Куманово  3 октомври 2025 (МИА) - Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес одржа прес-конференција посветена на образованието во Куманово, нагласувајќи дека тоа е најголемата инвестиција во иднината на градот и неговите жители.

-Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста, изјави Моника Марковска кандидат за советник од ЗНАМ.

Во програмата е предвидено реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост, нови и реконструирани училишни спортски сали, современи ИТ кабинети и технолошки зони, уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема,  реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово, промоција на инклузивна средина во сите училишта.

-Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред кажа Марковска. ам/дма/

 


Фото ЗНАМ Куманово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан