• недела, 22 декември 2024

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија отвори простории на Изборниот штаб во Охрид

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија отвори простории на Изборниот штаб во Охрид

Скопје, 13 март 2024

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва ги отвори просториите на Изборниот штаб на Движењето во Охрид.

Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обрати Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ и негов кандидат за Претседател на Македонија на претстојните претседателски избори.

„Ме радува што и во Охрид ве гледам во вака голем број на отворањето на просториите на ЗНАМ, кадешто вие граѓаните можете да дојдете и активно да се вклучите во движењето, да дадете придонес во промените кои доаѓаат во Македонија“, рече Димитриевски и додаде дека се радува и што луѓето, граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и поддршката од ден на ден се повеќе се зголемува.

„Јас сакам Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот на државата. Тоа е мојата цел. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура“, рече Димитриевски.

Тој посочи дека оваа позитивна енергија ќе придонесе нештата во Македонија да се сменат и после изборите никогаш да не се исти.

„Сакаме власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме вистински претставници на нивните интереси. Само така Македонија ќе може да излеззе од оваа состојба на тонење и разградување, кое трае речиси 30 години. Време е да се обединиме и сите заедно да обезбедиме подобра иднина за идните генерации“, рече Димитриевски пред членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во Охрид.

 

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан