• понеделник, 13 април 2026

Движењето ЗНАМ упати честитки до Маѓар и неговата партија за победата на изборите во Унгарија

Движењето ЗНАМ упати честитки до Маѓар и неговата партија за победата на изборите во Унгарија

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Во име на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат, стои во соопштението на ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.

Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка.

Традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан