• петок, 12 јули 2024

Две тренерски смени во еден ден во Ла Лига

Две тренерски смени во еден ден во Ла Лига
Мадрид, 12 јануари 2021 (МИА) – Шпанските фудбалски прволигаши, Алавес и Хуеска денеска ги сменија своите тренери во обид да ги зголемат шансите да изборат сезонава опстанок во Ла Лига. Последнопласираниот тим на табелата Хуеска одлучи да се раздели со Мигуел Санчез Мичел, помалку од 24 часа по поразот на домашен терен од Бетис од 2:0. Хуеска на 18 натпревари досега во шпанското првенство има само една победа што ја забележа на средината од декември кога славеше над Алавес со 1:0. Сезоната со нов тренер ќе ја продолжи и 16-то пласираниот Алавес, кој по неделниот пораз на гостувањето кај Кадиз од 3:1 му врачи отказ на Пабло Мачин Алавес под водство на Мачин имаше совршен почеток на сезоната со триумфот на гостински терен над шампионот Реал Мадрид и ремито на домашен терен против Барселона, но серијата од три порази во низа стави крај на соработката. ег/

Остани поврзан