• четврток, 16 мај 2024

Две тепачки меѓу млади во Тиквешијата

Две тепачки меѓу млади во Тиквешијата
Кавадарци, 6 септември 2021 (МИА) - Две тепачки меѓу млади се случиле вчера во Тиквешијата, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - Синоќа околу 23:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Криволак, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.П. (21) и С.Ш. (21), двајцата од селото, појасни Додевски. Тој соопшти дека претходно,  во Полициската станица Кавадарци, Д.К. (20) пријавил дека околу 1:00 часот на улицата „Илинденска“ во Кавадарци, бил физички нападнат од Љ.М. (20). По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. свд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан