Две први места за македонските пингпонгари на Конект Балканската лига
- Македонските претставници освоија две први места на турнирот Конект Балканска лига одржан изминатиот викенд во Приштина.

Приштина, 14 мај 2024 (МИА) – Македонските претставници освоија две први места на турнирот Конект Балканска лига одржан изминатиот викенд во Приштина.
Моника Стајковска и Кристијан Каламадевски победија во категоријата У-15 екипно, додека , Стајковска беше прва во У-15 поединечно.
Пласман на другите македонски репрезентативци:
Екипно:
(У13) Мартин Ристески и Марковска Елена, 4. место;
(У11) Бојана Јовевска и Дарис Мемиќ, 3. место
Поединечно:
(У15)Кристијан Каламадевски - 3. место
(У13)Марковска Елена - 2. место
(У13) Мартин Ристески - 4. место
(У11) Бојана Јовевска - 2. место
(У11) Дарис Мемиќ – 4. место
Покрај македонските, на турнирот учествуваа и домашни натпреварувачи од Косово, како и пингпонгари од Црна Гора и Албанија. зс/