• петок, 22 ноември 2024

Две лица се застрелани во полициска акција во Нова Каледонија

Две лица се застрелани во полициска акција во Нова Каледонија

Нумеа, 19 септември 2024 (МИА) - Две лица беа застрелани во полициска операција синоќа на француската прекуморска територија Нова Каледонија, која во мај стана арена на конфронтација и судири меѓу домородното население Канак и француските лојалисти, јавуваат медиумите во Франција.

Тоа е 13-то лице што почина од почетокот на кризата, што беше предизвикана од контроверзната изборна реформа која беше замрзната во јуни.

Канак стравуваат дека промените на изборните правила ќе ја намалат нивната изборна тежина, што ќе го отежне организирањето и победата на евентуалниот иден референдум за одвојување на Нова Каледонија од Франција. Париз, од своја страна, останува на ставот дека планираната мерка, која предвидува давање право на глас на локалните избори на поголем број претставници на француската заедница во Нова Каледонија, ќе помогне да се зајакне демократијата на прекуокеанската територија.

Во јуни, претседателот Емануел Макрон привремено се откажа од контроверзниот план за реформи, но насилството сепак продолжи, иако со спорадични избувнувања. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан