• понеделник, 23 декември 2024

Двејн Џонсон се заглави во порше тајкан

Двејн Џонсон се заглави во порше тајкан
Лос Анџелес, 17 ноември 2020 (МИА) - Речиси два метра високиот и 118 килограми тешкиот Двејн Џонсон не „го собира“ во порше тајкан. Тој на Инстаграм го пренесе и целиот дијалог меѓу него и режисерот Росон Турбер. Имено, за потребите на филмот „Црвен бележник“ (Red Notice), глумецот и поранешен борач познат како Карпата успеал да се пикне во малото возило, но останал заглавен. „Обидот на Д. Џ. заврши само со негово заглавување, оти грбот му е малку преширок. Росон се изнасмеа“, пишува Џонсон, говорејќи за себе во трето лице. На крајот, сѐ се завршило „на креативен начин“. Акциониот трилер „Red Notice“ на Нетфликс е најавен за следната 2021 година. Во него, освен Карпата, ќе глумат и Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.  си/паг/

Остани поврзан