• вторник, 05 ноември 2024

Два физички напади пријавени вчера во неготинската полиција 

Два физички напади пријавени вчера во неготинската полиција 

Неготино, 2 август 2024 (МИА) - Два физички напади биле пријавени вчера во неготинската полиција, информираа денеска од СВР Велес.  

-Вчера во 11.15 часот во Полициска станица Неготино, неготинецот Љ.Т.(65) пријавил дека пред објект во Неготино, бил физички нападнат од сограѓанинот П.В.(51). По документирање на настанот, против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Од Секторот за внатрешни работи соопштија дека истиот ден во 16.55 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.В.(71) од село Криволак, неготинско. 

-Тие постапиле по пријава од С.Д.(42) од истото село, дека во селото по кратка расправија, бил физички нападнат од С.В. со метален предмет. Исто така, според пријавеното, С.В. му  се заканувал со остар предмет. С.В. бил задржан во полициска станица, а предметите биле пронајдени и одземени. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес. свд/вј/

 

Фото :  МИА архива 

Остани поврзан