• недела, 23 февруари 2025

Двајца играчи над 37 години стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен за прв пат од 1978 година

Двајца играчи над 37 години стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен за прв пат од 1978 година

Мелбурн, 18 јануари 2025 (МИА) - Двајца тенисери над 37 години за прв пат од 1978 година стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен.

Триесет и седумгодишниот Новак Ѓоковиќ во третото коло го победи Чехот Томаш Мачац - 6:1, 6:4, 6:4. 

Триесет и осумгодишниот Гаел Монфис го победи светскиот рекет број четири Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.

Последен пат двајца играчи на возраст од 37 или повеќе години стигнаа до оваа фаза на Австралија Опен во 1978 година. Тогаш тоа го постигнаа Кен Роузвол и Боб Кармајкл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан