• недела, 22 декември 2024

Дваесет и тригодишник осомничен за полов напад на две девојки во Битола

Дваесет и тригодишник осомничен за полов напад на две девојки во Битола

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство од Битола повело постапка против 23-годишник осомничен за полов напад на две млади девојки. Нему му е одредена мерка притвор.

-Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот, инфотрмира Републичкото јавно обвинителство.

Оттаму додаваат дека бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена. сст/

фото МИА архива

Остани поврзан