• четврток, 04 декември 2025

Дваесет и осум загинати по превртувањето на туристички брод во Виетнам (ДПЛ)

Дваесет и осум загинати по превртувањето на туристички брод во Виетнам (ДПЛ)

Ханој, 19 јули 2025 (МИА) - Дваесет и осум лица загинаа откако се преврте туристичкиот брод за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции.

На бродот имало 53 лица. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг.

Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. Се трага по преостанатите патници. Меѓу нив имало вкупно 20 деца.

Претходно, локалните медиуми во Виетнам соопштија за 18 загинати и околу 40 кои се водат како исчезнати.

Заливот Ха Лонг е популарна туристичка дестинација во Виетнам. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан