• петок, 05 декември 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

Копенхаген, 27 август 2025 (МИА) - Владите на Данска и нејзината полуавтономна област Гренланд денеска заеднички се извинија за тоа што девојчиња и жени од домородното население на Гренланд биле подложени на присилна контрацепција до пред половина век.

Речиси 150 жени од народот Инуити минатата година ја тужеа Данска и нејзиното Министерство за здравство, барајќи отштета бидејќи сметаат дека властите им ги прекршиле човековите права кога им вградиле интраутерини контрацептивни влошки (спирали).

Некои од жените, вклучително и многу кои во тоа време биле тинејџерки, не биле свесни за тоа или не дале своја согласност.

Данските власти минатата година соопштија дека дури 4.500 жени и девојчиња, односно половина од жените во репродуктивна возраст на Гренланд во тоа време, добиле спирала во 1960-те и до средината на 1970-те години.

Наводната цел била да се ограничи растот на населението на Гренланд, кое тогаш брзо растело поради подобрите услови за живот и подобрата здравствена заштита.

- Не можеме да го смениме тоа што се случило. Но, можеме да преземеме одговорност, рече данската премиерка Мете Фредериксен и се извини во име на данската држава, признавајќи дека присилната контрацепција довела до физичка и психолошка штета. јт/

 

 

Остани поврзан