• вторник, 02 јули 2024

Далај Лама објави нова песна (видео)

Далај Лама објави нова песна (видео)
Лос Анџелес, 3 јули 2020 (МИА) - Тибетскиот духовен водач Далај Лама објави нова песна наречена „Една од моите омилени молитви“ (One of My Favorite Prayers), којашто е втора објавена песна од неговиот се уште необјавен прв духовен албум си мантри и вежби. - Целта на мојот живот е да им служам на луѓето колку што можам, а музиката и мелодијата можат да им помогнат на луѓето во тоа што јас не можам лично, изјави духовниот водач. https://www.youtube.com/watch?v=9EQVj2MmtDo Албумот „Внатрешен свет“ (Inner World) ќе биде објавен на 6 јули, на роденденот на Далај Лама. Издавач е продуцентската куќа „Хитко ентертејнмент / Кандро мјузик“, а проектот е замислен од продуцентката Џунел Кунин, инаку ученичка на Далај Лама. Идејата за снимање на албумот е нејзина и е од 2015 година. Песната, односно молитвата, е изрецитирана на англиски јазик. си/сд/

Остани поврзан