• петок, 15 ноември 2024

Г20: Мултилатералниот трговски систем сега е поважен од кога било

Г20: Мултилатералниот трговски систем сега е поважен од кога било
Вашингтон, 22 ноември 2020 (МИА) - Лидерите на 20-те најиндустријализирани земји во светот денеска соопштија дека мултилатералниот трговски систем сега е поважен од кога било поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Според конечниот заклучок на самитот на Г20, лидерите ветија дека пазарите ќе бидат отворени и дека ќе се постигне фер и стабилно трговско и инвестициско опкружувањес. Г20 исто така го повикува Меѓународниот монетарен фонд да продолжи да бара дополнително финансирање што може да им помогне на неговите членки кои се борат со кризата. Тие исто така порачаа дека се одлучни да ги поддржат африканските земји во надминување на кризата, вклучително и истражување на поодржливи опции за финансирање. Исто така посочија дека борбата против климатските промени е сè поголем предизвик и дека Г20 е посветен на постигнување еколошки одржлива иднина. паг/

Остани поврзан