• четврток, 14 ноември 2024

Гутереш: Околу три милијарди луѓе не можат да си дозволат да се хранат здраво

Гутереш: Околу три милијарди луѓе не можат да си дозволат да се хранат здраво
Њујорк, 15 октомври 2021 (МИА) - Околу три милијарди луѓе, 40 отсто од светската популација, не можат да си дозволат да се хранат здраво, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео обраќање по повод Светскиот ден на храната.

Гутереш истакна дека ситуацијата, како резултат на пандемијата на коронавирус и проблемите што ги предизвика во економијата, сериозно се влоши - на околу 140 милиони луѓе сега им недостига храна.

- Во исто време, начинот на кој одгледуваме, консумираме и рециклираме храна е товар за нашата планета. Тие создаваат невидени климатски и еколошки тешкотии што не чинат трилиони долари", рече генералниот секретар на ОН. паг/

Остани поврзан