Гутереш му честиташе на Ерхурман: Очекувам да соработуваме за постигнување трајно решение за Кипар
- Со нетрпение очекувам да соработувам со Вас за постигнување трајно решение за Кипар, му напишал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхерман во писмото со честитка за неговата победа на изборите, информираа од кабинетот на Ерхерман, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 30 октомври 2025 (МИА) – Со нетрпение очекувам да соработувам со Вас за постигнување трајно решение за Кипар, му напишал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхерман во писмото со честитка за неговата победа на изборите, информираа од кабинетот на Ерхерман, јави дописничката на МИА од Атина.
Гутереш во писмото ја реафирмирал неговата „цврста посветеност на безбедноста и благосостојбата на кипарските Турци и кипарските Грци“ и посочил дека стои на располагање и „Обединетите нации се подготвени да ги поддржат напорите за обезбедување мирно и одржливо решавање на кипарското прашање во корист на сите Кипрани и поголем мир во регионот“.
Дополнително ја нагласил неговата континуирана подготвеност за свикување нова неформална средба во поширок формат во блиска иднина, информирал дека ѝ дал инструкции на личната пратеничка, Мариа Ангела Олгин Куељар, да го посети островот за да започне разговори со лидерите на двете страни.
- Ве охрабрувам тесно да соработувате со неа (г-ѓа Олгин) за да се утврди конструктивен и пат насочен кон резултати што ќе ни овозможи да го искористиме моментумот постигнат во 2025 година и потенцијално да најдеме заемно прифатлив пат напред во кипарското прашање, напишал генералниот секретар на ОН.
На претседателските избори во Турската Република Северен Кипар, призната само од Турција, што се одржаа пред десет дена Туфан Ерхурман беше избран за нов лидер на кипарските Турци. ср/јт/