• вторник, 25 јуни 2024

Гужва на Богородица и на Табановце се чека и до 30 минути

Гужва на Богородица и на Табановце се чека и до 30 минути

Скопје, 14 април 2023 (МИА) - На граничните премини Богородица и Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан