• сабота, 27 јули 2024

Група универзитетски професори повикуваат за мир во Украина

Група универзитетски професори повикуваат за мир во Украина
Скопје, 7 март 2022  ПОВИК ЗА МИР ВО УКРАИНА Од група универзитетски професори, научници, уметници и интелектуалци од Република Северна Македонија во врска со руската инвазија врз Украина Ние долупотпишаните, Ја осудуваме инвазијата на Русија во Украина. Го осудуваме секој акт на убивање, уништување и разнебитување што е дел од оваа инвазија. Сочувствуваме и ги поддржуваме во нивните напори за одбрана на својата држава сите граѓани на Украина и изразуваме огромна поддршка за нашите колеги од академската заедница, на сите интелектуалци, уметници, научници во нивните напори да ја заштитат својата земја. Истовремено ги поддржуваме, охрабруваме и повикуваме нашите колеги професори, научници, уметници и интелектуалци од Руската Федерација, како највисоко образувани, најкомпетентни, најслободни и најкреативни општествени дејци кои ги краси храброст, автономност, висок морал и личен интегритет, да го кренат својот глас ПРОТИВ ИНВАЗИЈАТА на нивната држава во територијата на една СУВЕРЕНА ЕВРОПСКА ДРЖАВА. Убедени сме дека ВИЕ, наши руски колеги во моментов можете да направите исклучително многу за враќањето на МИРОТ. Вие можeте да бидете клучните МИРОТВОРЦИ со секој дигнат глас ЗА МИР ВО УКРАИНА. Науката е незамислива без глобална соработка на научниците ширум светот, а уметноста е бесмислена доколку не ги помине границите. Секоја изолација води кон стагнација и деградација. Само со повторно воспоставување на мирот во Украина, научниците и уметниците ќе можат слободно да творат, да се вклучуваат во меѓународна соработка, како со вас, така и глобално, за да донесат благосостојба за планетата Земја. Група универзитетски професори и интелектуалци од Република Северна Македонија (долупотпишаните). проф. д-р Мирјана Најчевска Институт за социолошки и политичко правни истражувања при УКИМ, Скопје проф. д-р Мимоза Ристова Природно-математички факултет, УКИМ, Скопје проф. д-р Елена Џукеска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје проф. м-р Маја Стевановиќ Факултет за драмски уметности, УКИМ, Скопје проф. д-р Билјана Кузмановска Факултет за земјоделски науки и храна, УКИМ, Скопје проф. д-р Горан Јанев Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје проф. д-р Гордана Попсимонова Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ, Скопје проф. д-р Јасминка Кузмановска Институт за национална историја при УКИМ, Скопје проф д-р Марија Чичева Алексиќ Институт за старословенска култура, УКЛО Битола проф. м-р Гоце Наневски Факултет за ликовни уметности при УКИМ, Скопје проф. д-р Маргарита Бузалковска-Алексова Филозофскиот факултет при УКИМ (во пензија) M.Sc. Luan Imeri Instituti për Hulumtime Sociologjike dhe Politiko-Juridike pranë Universitetit “Sh. Kirili dhe Metodi” në Shkup проф. д-р Александар Грчев Стоматолошки факултет при УКИМ, Скопје проф. м-р Зоја Бузалковска Факултет за драмски уметности при УКИМ, Скопје ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан