Грузија го поздрави мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
- „Грузија со цело срце го поздравува мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија и ја потврдува својата подготвеност да придонесе за зајакнување на мирот и соработката во регионот“, рече грузиската министерка за надворешни работи Мака Бочоришвили на прес-конференција со генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Синирлиоглу, објавија грузиските јавни медиуми (ГПБ).

Тбилиси, 22 април 2025 (МИА) - „Грузија со цело срце го поздравува мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија и ја потврдува својата подготвеност да придонесе за зајакнување на мирот и соработката во регионот“, рече грузиската министерка за надворешни работи Мака Бочоришвили на прес-конференција со генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Синирлиоглу, објавија грузиските јавни медиуми (ГПБ).
Бочоришвили ја изрази искрената желба на Грузија да ги зајакне мирот и стабилноста во Јужен Кавказ.
„Со задоволство можам да објавам дека минатата недела Тбилиси беше домаќин на трилатерална средба со учество на министерствата за надворешни работи на Грузија, Ерменија и Азербејџан. Се надевам дека овој формат ќе го отвори патот за плодна соработка во корист на благосостојбата на нашиот регион“, рече министерката Бочоришвили.
„Грузија придава големо значење на регионалната соработка, особено во спроведувањето проекти кои ги покажуваат нашите способности за промовирање на економскиот развој. Во тој поглед, соработката со нашите партнери во рамките на ОБСЕ е од витално значење“, додаде таа. паг/
Фото: Фејсбук