• недела, 22 декември 2024

ГРП: Северна Македонија со најниско ниво на корупција меѓу земјите од Западен Балкан

ГРП: Северна Македонија со најниско ниво на корупција меѓу земјите од Западен Балкан
Женева, 14 ноември 2021 (МИА) - Северна Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан, покажува студијата за степенот на корупција за 2021 година на швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл“ (ГРП). Земјава се наоѓа на 85-то место на листата на ГРП со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та. Според студијата на ГРП, најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, а по неа следуваат Норвешка, Нов Зеланд, Данска и Шведска. Глобалниот индекс на ГРП ја рангира корупцијата според одредени критериуми, меѓу кои и перењето пари и финансирањето тероризам. Со студијата се опфатени вкупно 196 земји во целиот свет, а на дното на листата како држави со највисоко ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија. сп/

Остани поврзан