• понеделник, 23 декември 2024

Грковска и Кицара потпишаа Меморандумот за соработка

Грковска и Кицара потпишаа Меморандумот за соработка
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и директорот на Институтот за стандардизација на Северна Македонија, Џевад Кицара потпишаа Меморандум за соработка. Како што соопштија од владината прес-служба, потпишувањето на документот е резултат на потребата за поголема соработка меѓу Кабинетот и Институтот за стандардизација, во делот на имплементација на стандардите и подигнување на квалитетот на услугите што ги даваат институциите. -Оваа соработка е важна за целата држава. Стандардизацијата е тоа што ни недостасува во дел од институциите. Стандардизираните процеси се исклучително важни, зашто го минимизираат човечкото влијание во работењето на институциите. И токму поради тоа од нашиот кабинет ќе излезе препорака до сите институции да ја засилат соработката со Институтот, истакна вицепремиерката Грковска. Со меморандумот се овозможува поттикнување, развивање и обезбедување на сите облици на соработка, како и зголемување на потенцијалите за промоција на истите. Креирање и спроведување на обуки за примена на стандардите, како и заедничко планирање и организирање на семинари, трибини, обуки и други активности од заеднички интерес.По потпишувањето на документот, вработените во Кабинетот учествуваа на обуки за менаџери и примена на системот за управување со квалитет.бт/са/

Остани поврзан