• петок, 22 ноември 2024

Грин за највредната од четирите титули: Последната, затоа што успеавме да ги замолчиме критичарите

Грин за највредната од четирите титули: Последната, затоа што успеавме да ги замолчиме критичарите
Сан Франциско, 22 ноември 2022 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин призна дека највредната од четирите шампионски титули за него е освоена минатата сезона. - Сигурно последната, бидејќи за мене ова е како конечен одговор на сите оние кои не веруваа во нас, ги испративме критичарите во пеколот. Сите нè отпишавте. Дефинитивно ме отпишаа и мене и се откажаа... Од играње во пет финалиња во НБА по ред преминав во играње којзнае што. Го менувавме планот за секој натпревар бидејќи тренерот Кер се обидуваше да најде нешто што ќе ни помогне. Еднаш дојде до мене и ми рече: „Дрејмонд, би сакал да можам да те ставам на платен одмор“. Имавме еден куп млади момци кои не знаеја ништо. Се запрашував што по ѓаволите се случува? И после таа сезона сите велеа дека Дрејмонд бил издуван. Што мислите дека требаше да направам кога бевме 14-52 во поредокот? Значи, кој е мојот омилен наслов? Последната титула беше голем неуспех за сите оние кои не веруваа во нас, за сите копилиња кои не отпишаа, изјави Грин. Контроверзниот кошаркар на 7 октомври на клупски тренинг со еден удар го нокаутира соиграчот Џордан Пул и го навлече кон себе гневот на кошаркарската јавност. зс/

Остани поврзан