• сабота, 18 мај 2024

Грин верува дека Вориорс можат да се вратат во серијата со Лејкерс

Грин верува дека Вориорс можат да се вратат во серијата со Лејкерс

Сан Франциско, 10 мај 2023 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин верува дека неговиот тим има шанса да ја сврти серијата со Лос Анџелес лејкерс по двата последователни порази и негатива од 1:3.

 

- Не смееме да ја губиме самодовербата и покрај водството на противникот со 3:1. Ако е така, тогаш сме готови, но ова не е за нас. Победата на следниот натпревар менува многу. Серијата станува поинаква, притисокот ќе биде врз другиот тим. Тоа е нашата цел. Не се сомневам дека Клеј Томпсон ќе игра подобро. Јас ќе играм подобро. Стеф имаше одлична претходна средба, истото или уште повеќе го очекувам од него. И тогаш сите други ќе играат подобро, изјави  Грин.

Натпреварот број 5 меѓу Голден Стејт и Лејкерс во четвртфиналето од НБА-плејофот ќе се игра во 4 часот по полноќ.

Со победа на „Воините“ серијата продолжува во Лос Анџелес, во спротивно Лејкерси ќе изборат полуфинале. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан