• среда, 01 јули 2026

Грималдо од Баер во Атлетико

Грималдо од Баер во Атлетико

Мадрид, 30 јуни 2026 (МИА) – Шпанскиот репрезентативец Алехандро Грималдо е нов фудбалер на Атлетико Мадрид на кој му се приклучи од германскиот Баер Леверкузен.

Вредноста на трансферот се проценува на околу 20 милиони евра.

„Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен постигнаа договор за трансферот на Алехандро Грималдо, кој потпиша договор до јуни 2030 година“, објави денеска шпанскиот клуб.

Триесетгодишниот лев бек роден во Валенсија го носеше дресот на Баер во изминатите три сезони и беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата во германското првенство во 2024 година под водство на Чаби Алонсо.

Грималдо во моментов е со шпанската репрезентација на Светското првенство, но немаше настап во трите натпревари од групната фаза. ег

ФОТО: ЕПА