• четврток, 04 декември 2025

Грилиш се согласил на позајмица во Евертон

Грилиш се согласил на позајмица во Евертон

Лондон, 11 август 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Џек Грилиш, може да ја продолжи кариерата во Евертон, објавува „Teamtalk“.

Клубот од Ливерпул сака да го позајми 29-годишниот Англичанец. Самиот играч се согласил на позајмица во Евертон.

Грилиш игра за Манчестер сити од 2021 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра 32 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции. 

Актуелниот договор на фудбалерот со Манчестер сити е до 30 јуни 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан